Доењето влијае на интелигенцијата на детето !
Истражувањето го спровеле тим од научници од Универзитетот во Пелотаси кое било спроведено на 3500 бебиња родени 1982 година. Бебињата биле доени во период од еден месец до неколку години. Оние кои како бебе биле доени подолго, имале поголем број на бодови на тестовите за интелегенција кога пораснале, а денес имаат за третина повисока плата од просечните луѓе и повисоко образование.
Бразилските стручни лица навеле дека треба да се води сметка и од различни фактори кои можат да влијаат на интелегенцијата, како што се образованието, староста на мајката на породувањето и фактот дали мајката пушела во текот на бременоста или не.
Можни механизми кои објаснуваат какво влијание има мајчиното млеко на интелигенцијата е присутството на масни киселини кои се лачат и кои се од клучно значење за мозокот, истакна водичот кој го спорведе истражувањето dr.Bernardo Lesa Horta. Тој наведе дека за разлика од претходните, бразилски студии оваа нуди единствен поглед бидејќи го опфаќа доењето од сите друштвени средини.
Светската здравствена организација (СЗО) веќе со години води кампања во корист на доењето кои го прмовираат како најефикасен начин во заштита на целокупното здравје.
СЗО препорачува доење во првите 6 месеци од животот на детето, но признава дека помалку од 40% од бебињата во светот го користат мајчинотот млеко. Во студијата објавена 2014 година во британското Кралевско друштво, британските научници покажале дека доењето во траење од 12 месеци има заштитен ефект на кардиоваскуларните болести.
Ние не знаеме дали ова е точно или не бидејќи немаме такво искуство а и не познаваме некој што го потврдува истото.. затоа ќе ги следиме спроведените истражувања.