ДОЈДЕ НОВОТО БЕБЕ
Ново бебе во семејство во кое веќе има едно дете носи некогаш големи проблеми. Поголемото дете ќе примети дека веќе не е во центарот на вниманието. Психолозите оваа појава ја нарекуваат “шок поради симнување од тронот”. Тој шок е причина зошто поголемото дете се однесува како бебе, односно сака да цица, почнува да мочка во кревет и искажува психосоматски пречки како што се болки во стомачето и несоница, а понекогаш и агресивно се однесува.
За првороденото дете почетокот со новиот член во семејството претставува големо оптеретување. Затоа е многу важно на време да го припремите за доаѓањето на новиот член во семејството.прашајте го на пример кое место би било добро за да е стави креветчето на бебето, како да ја украсите собата на бебето и земете го со вас на ултразвучниот преглед.
За него секако ќе биде интересно да види и слушне како чука срцето на бебето. Важно е детето од почеток да биде запознаено со новонастанатата ситуација и да биде вклучено во припремите за доаѓањето на новиот член во семејството. Поклонот кој ќе го добие кога мајката ќе излегува од болница со бебето, исто така може да биде од корист. На пример кукла која девојчињата ќе ја пресоблекуваат заедно со мајката кога ќе го пресоблекува бебето. За да ја зацврстите врската помеѓу поголемото и помалото дете може да допринесат и малите задолженија кои ќе му ги дадете како должност во врска со братот или сестрата. Замолете го да ви помогне во пресоблекување на бебето, во хранењето со шише или да ви ги подаде влажните марамчиња. Така ќе допринесете кај вашето прво дете да се развие чувство на лична вредност.
Посебен однос помеѓу браќата и сестрите се развива постепено, а родителите може да осетат и видат. Начинот на кој го гледа и го допира бебето, се смее или плаче со него многу открива за односот помеѓу нив. Кога момалото дете ќе наполни три години, врската помеѓу него и поголемите браќа или сестри е веќе формирана. Поголемите деца често ја превземаат улогата на на родители и после извесно време помеѓу децата се јавува чувтво дека може да се потпрат едно на друго.