
Домашен балзам за стрии
Нема ништо поубаво од заоблен труднички стомак, меѓутоа тоа за идните мајки значи зголемена нега и хидратација на кожата, која секој ден се повеќе се растегнува. И додека некои жени имаат растеглива “благодарна” кожа, други жени не се со таа среќа, така што постои можност за појава на стрии, кои подоцна не можат целосно да се отстранат .
Затоа многу идни мајки купуваат различни масла, козметички производи и препарати кои треба барем да ја минимизираат можноста и интензитетот на стриите, што може да биде дополнителен удар за домашен буџет.
Ако не можете и не сакате да потрошите многу пари на скапи креми против стрии, одлучивме да го споделиме со вас проверен рецепт за балзам совршен за трудничкиот стомак. Од овој балзам нема да бидете претерано мрсна и ќе имате пријатен и нежен мирис за чувствитениот нос во бременост. По нанесувањето, вашата кожа ќе биде нежна, свиленкаста и еластична.
Состојки:
4 лажички масло од јојоба
4 лажички кокосово масло
3 лажички маслиново масло
55 грама какао путер
55 грама шеа путер
7 – 10 капки есенцијално масло од ванила
5-6 капки есенцијално масло од лаванда
На пареа загрејте го маслото од јојоба, кокос, маслиново масло, какао и шеа путерот, и додадете една кафена лажичка вода. Се меша цело време онолку колку до кога состојките не се раствораат и не се помешаат. После тоа, запрете со загревањето, додадете ги етеричните масла, добро уште еднаш промешајте и веднаш ставете во садот во кој планирате да го чувате балсамот (стаклен сад и сл.). Балсамот со ладење ќе се стврдне.
Состојките може да ги купите во специјализирани продавници или на интернет.