Домашен балзам против стрии
Нема ништо поубаво од заоблено трудничко стомаче, меѓутоа тоа за идните мајки значи поголема нега и хидрацијата на кожата, која секојдневно се повеќе се растега. И додека некои жени имаат растеглива и убава кожа, други пак ја немаат таа среќа. Затоа постои можност од појава на стрии кои покасно може во потполност да испукаат.
Затоа, голем број од идните мајки купуваат различни масла и креми, користат скапи производи и препарати кои би требало да ја намалат можноста и интензитетот за појава на стриите, кое може да претставува дополнителен трошок на домашниот буџет.
Доколку не можете и не сакате да издвојувате многу пари за скапи креми против стрии, одлучивме да споделиме со вас проверени рецепти од совршен балзам против распукување на вашиот стомак. Овој балзам не е претерано мрсен и има и убав и нежен мирис .
После мачкањето кожата ќе ви биде нежна, свиленкаста и еластична.
Состојки:
- 4 лажици масло од јојоба
- 4 лажици масло од кокос
- 3 лажици маслиново масло
- 55 грама какао путер
- 55 грама шеа путер (shea butter)
- 7-10 капки етерично масло од ванила
- 5-6 капки етерично масло од лаванда
- 5 капки етерично масло по желба
На пареа полека загрејте го маслото од јојоба, кокос, маслиновото масло, како и шеа путерот, и додадете една лажица вода. Цело време мешајте додека состојките не се стопат и соединат. После тргнете го садот од загревање и додадете го етеричното масло, повторно добро промешајте и одма ставете го во сад во кој планирате да го чувате балзамот (препорачливо е да биде стаклен сад). Балзамот со ладење ќе се стврдне. Доколку ви се допаѓа мирисот на етеричното масло, можете да додадете до 10 капки во балзамот дополнително.
Состојките можете да ги купите во специјализирани продавници или преку интернет.