• Нема производи во кошничката.
a
  >  Практични Мајки   >  Домашен пластелин
Домашен пластелин

Домашен пластелин

Ништо не е толку добро за развивање на моториката на вашите деца од пластелинот. Но, оваа смеса треба да биде квалитетна и безбедна затоа на пазарот знае да биде доста скапа. Ние Ви предлагаме од состојќите кои ги имате дома да направите одличен домашен пластелин. Вашите деца сјајно ќе се забавуваат а преку забава и одлично ќе ја развиваат и креативноста.

 

Печен пластелин

Потребно е:

  • 1 шолја вода

  • 1 лажица билно масло

  • ½ шолја сол

  • 1 лажица вински оцет

  • 1 прехранбена боја (најдобро е интезивна гел-боја)

  • 1 шолја брашно

  • Неколку капки глицерин за сјај

plastelin, deca, homemade, babyshop,деца, пластелин,практичнамајка, prakticnamajka

 

Приорема:

Помешајте вода, масло, сол, оцет во боја и сетоа тоа загрејте го на рингла. Кога сето тоа ќе проврие, тргнете го тенџерето од шпорет и додадете брашно. Мешајте се додека не добиете убава маса која благодарение на винскиот оцет може да се користи дури и после 6 месеци. Домашниот пластелин чувајте го во сад кој херметички се затвора или пак чувајте го во вакум кеси.

plastelin, deca, homemade, babyshop,деца, пластелин,практичнамајка, prakticnamajka

 

Пластелин кој не се пече

Потребно е:

  • 1 шолја ладна вода

  • 1 шолја сол

  • 2 лажици билно масло

  • Темпера и прехрамбена боја

  • 3 шолји брашно

  • 2 лажици густин

Припрема

Во сад помешајте ги водата, солта, маслото и поголема количина на темпера или прехрамбена боја, а потоа постепено додавајте ги брашното и густинот додека смесата не биде доволно густа како тесто за леб. Чувајте ги во сад херметични затворен.

plastelin, deca, homemade, babyshop,деца, пластелин,практичнамајка, prakticnamajka

Пластелин од сол

Потребно е:

  • 1 шолја сол
  • 1 шолја водa
  • ½ шолја брашно и уште една до две лажици брашно кои се потребни за мешање на смесата

 

Припрема

Во тенџере соединете ги водата, брашното и варете на средна температура. Тргнете го од шпоретот кога смесата ќе стане густа и гуменеста. Кога ќе се олади, мешајте ја со уште малку брашно додека не добиете маса која можете да ја обликувате со раце.

plastelin, deca, bebe, majka, babyshop, roditeli, Мајка, бебе. дете, пластелин