ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Домашниот пластелин е подобар од оној кој го купувате
    Домашниот пластелин е подобар од оној кој го купувате

    Домашниот пластелин е подобар од оној кој го купувате

    Домашниот пластелин е подобар од оној кој го купувате

    Ништо не ја развива така добро меториката на децата како играта со пластелин. Меѓутоа оваа смеса, доколку сакате да биде квалитетна и здравствено безбедна , чини малку повеќе пари. Затоа ви предлагаме, од состојките кои ги имате во вашата остава да направите генијален домашен пластелин. Вашите деца ќе се забавуваат а освен тоа ќе ја развиваат својата креативност и имагинација.

    За домашен варен пластелин потребно е:
    – 1 шоља вода
    – 1 лажица маслиново масло
    – ½ шоља сол
    – 1 лажица вински оцет
    – Прехрамбена боја (најдобра е интензивна гел-боја)
    – 1 шоља брашно
    – Неколку капки глицерин за сјај
    Припрема:
    Помешајте ја водата заедно со маслиновото масло, оцетот и бојата. Целата мешавина загрејта на рингла. Откако ќе зоврие, мешајте а потоа месете како тесто се додека не добиете глатка маса која, заблагодарувајќи на оцетот, може да се користи дури 6 месеци. Домашниот пластелин чувајте го во сад кој херметички се затвара или пак во вакум кеси.

    Суров не-варен пластелин
    – 1 шолја ладна вода
    – 1 шолја сол
    – 2 лажици маслиново масло
    – Темпера или прехрамбена боја
    – 2 лажици густин
    Припрема:
    Во сад помешајте ја водата заедно со маслиновото масло и поголема количина на темпера или пак прехрамбена боја, а потоа постепено додавајте брашно и густин се додека смесата не биде густа како тесто за леб. Чувајте ја во сад, херметички затворена.

    Пластелин од Сол
    Потребно е:
    – 1шолја сол
    – 1 шолја вода
    – ½ шолја брашно и уште една лажица до две за мешање на смесата
    Припрема:
    Во лонец ставете ја солта, водата, брашното и варете на средна температура. Тргнете се од шпоретот откако смесата ќе стане густа и гуменеста. Кога ќе се олади, месете ја со малку брашно се додека не добиете смеса која можете да ја обликувате со раце.