ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Доручекот не се пропушта
    Доручекот не се пропушта

    Доручекот не се пропушта

    Доручекот не се пропушта

    Иако сите знаат колку доручекот е важен, голем дел од родителите поради недостиг на време и идеја што да им спремаат на децата за прв утрински оброк ги праќаат или купуваат од пекара. Од лиснатото тесто, кифлите со виршли и пецивата полни со адитиви на детскиот организам не му носат ништо корисно туку само вишок на килограми и нагли скокови на шеќерот во крвта.
    – За сите обврски кои детето го очекуваат на училиште, а подоцна и во текот на денот, потребно е многу енергија која треба да ја обезбедуваат од намирниците кои ќе им дадат чувство на ситост а нема да имаат негативно дејство на нивниот организам. Идеално би било да се доручкува во првот час после будењето, што значи дека децата не треба да го чекаат големиот одмор за да јадат – Вели Jovana Srejić Ferluga – нутриционист-дијабетичар. Поради оваа лоша навика, во моментот кога на децата ќе им понудите здрав доручек, голема е веројатноста да го одбиваат. Затоа понудете им сендвич, но здрав.

    zdravahrana, doruchek, deca, roditeli, babyshop, деца, доручек, здравахрана, родители
    – Покрај здравите сендвичи, од интегрално пециво, младо сирење и сезонски зеленчук, омлет, кајгана и класична палента со сирење или кисело млеко, за децата можете да спремите и нешто сосема поинакво, а доста здраво. Ако направите неделен распоред и однапред ги купите намирниците, ќе ви биде многу многу полесно. Кајгана со зеленчук е одличен избор, бидејќи можете лесно да вметнете и ‘ржани работи како хељда или интегрална кифла и да се однесе на училиште, исто така добри се и домашните намази, солени овошни каши – порачува нутриционистот.