Дознајте дали и што бебињата сонуваат?
Нема ништо поубаво од тоа да гледате бебе додека спие. Можеби некогаш сте се запрашале дали вашето бебе сонува и доколку да, што точно сонува? Многу педијатри и терапевти пробале да дадат одговор на ова прашање.
Д-р. Edward Kulich, педијатар специјалист за навиките на спиење на бебињата и децата, автор на книгата The Best Baby Sleep Book, наведува дека со оглед на тоа што знаеме дека и бебето проаѓа низ РЕМ, фаза на сонот која е поврзана со соништата, можеме да претпоставиме дека и доенчињата асимилираат свои дневни искуства. За разлика од возрасните кои поминуваат 25% од сонот во РЕМ фаза, бебето поминува половина од своето спиење во фаза на сонување.
Дневните искуства како хранење, мирис, чувство на топлина, глад или досада можат да се најдат во нивните соништа. Исто така, бебето може да ги сонува и своите родители, а понекогаш нивните соништа можат многу да наликуваат на ноќна мора.
Бебето може да го доживува својот плач во текот на денот предизвикан од болка, глад или пак чувство на самотија.
Бидејќи бебето сеуште нема развиено способност за говор, неговите соништа се најверојатно од визуелна природа а никој со сигурност не може да каже за што точно бебето сонува, бидејќи се премногу мали да би можеле тоа да ни го откријат.