ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Здрава исхрана   >  Дознајте повеќе за пробиотици и пребиотици
    Дознајте повеќе за пробиотици и пребиотици

    Дознајте повеќе за пробиотици и пребиотици

    Во служба на здравјето: Што се пробиотици, а што се пребиотици и зошто нам ни се потребни?

    Дознајте на кој начин пробиотиците го зајакнуваат имунитетот.

    Пробиотиците се живи и хранливи микроорганизми. Најпознати се бифидо бактерија, лактобацили кои се додаваат во јогуртот и други млечни производи. Докажано е дека конзумирањето на јогуртот помага во периодот после дијареа, помага во имуната функција и го намалува нивотот на холестерол во крват.
    Пребиотици е храна која е потребна на корисните бактерии кои селективно стимулираат раст и активност лактобацил и бифидобактерија во дебелото црево, штитејќи од патогени бактерии и стимулира развој на имуниот систем. Тие природно се наоѓаат во бананата, кромидот, празот артичок.

    probiotik

    Цревната флора е важна за развојот и функционирањето на имуниот систем. Корисните бактерии учествуваат во теелсната одбрана од патогени бактерии и помагаат во превенција од алергиски реакции на храна. Цревниот имун систем има две улоги, наизглед контрадикторни: треба да биде толерантен на белковини во исхраната и корисните бактерии во цревната микрофлора. Алергијата на храна и воспалителниот процес често се резултат на оштетување на штитната функција.
    Меѓутоа, цревниот имун систем истовремено треба да ја штити и цревната слузница од патогени микроорганизми, како што се на пример, ротавирус.

    Заблагодарувајќи се на пробиотиците кои се наоѓаат во мајчиното млеко, доените деца имаат постабилен систем за варење, па затоа и поретко цревни инфекции, алергии а столицата е мека и редовна.

    Пребиотиците функционираат на тој начин што остануваат несварени додека не дојдат во дебелото црево. Тука се ферментираат под влијание на бактерии од дебелото црево и ја исполнуваат својата улога како храна за корисни бактерии, зголемувајќи го нивниот бројот на активности.