ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Движење на бебето – ползење
    Движење на бебето

    Движење на бебето – ползење

    Со подобрување на моториката, бебето ќе почне да ползи, да се поткрева, да оди, па дури и да се качува. Додека да ги совлада овие вештини, бидете внимателни и внимавајте да не се повреди.

    Ползење

    На возраст од околу 9 месеци, бебето ќе почне да ползи. Не е исклучено да го видите како ползи наназад, едната страна да му биде посилна од другата, да се сплетка од сопствените раце или да падне при вртење. Ова не се дефекти, туку нормално функционирање. Некои бебеиња никогаш не проползуваат. И ова не е дефект-многу бебиња се тркалаат или се лизгаат по подот, а потоа директно проодуваат. Како и да е, пред да проодат, сите бебиња развиваат некој вид движење. Додека бебето вежба ползење, следете ги следниве упатства.

    – Постојано бидете  на чекор од бебето додека убаво не научи да ползи.

    – Стојте од послабата страна на бебето. Ќе забележите дека на бебето му е развиена едната страна. Тоа значи дека почесто ќе паѓа на другата.

    – Гледајте ползењето да се одвива на меки површини како теписи, килими и трева. Така, дури и да падне, бебето нема многу да се повреди.