ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Движење на бебето, што да правите во случај на пад
    Движење на бебето

    Движење на бебето, што да правите во случај на пад

    Сите бебиња се многу поиздржливи отколку што сметаат родителите и голема е веројатноста дека неизбежните падови нема да го повредат бебето. Следете ги следниве упатства кога ќе забележите пад.

    1. Не паничете. Бебето може да насети страв и паника. Колку помирно изгледате, толку подобро бебето ќе реагира на падот.

    2. Приближете се бавно ( ако падот не е многу страшен ). Кога бебето ќе види дека родителот ита кон него, можно е да се уплаши.

    3. Вербално смирувајте го додека се приближувате. Речете: ” Ништо не ти е, ајде стани ќе ти помине како на кутре”.

    4. Кренете го бебето во рацете ако му е потребно дополнително смирување и тешење.

    5. Проверете дали настанале повреди и по потреба третирајте ги.

    6. Ако бебето продолжи да плаче, одвлечете му го вниманието. Со нова играчка многу побрзо ќе заборави на падот.