
Едноставен и здрав сок за вашите малечки
Направете за вашето бебе неверојатно здрав сок од цвекло, кој е идеален во комбинација на морков, јаболко или друго овошје по желба. Цвеклото е одличен извор на хранливи состојки како калиум, бета каротен и фолна киселина.
Припрема
Измијте и исчистете го свеклото, исечете го и исцедете во соковник.
На бебињата со полни 6 месеци, можете да му дадете неколку лажички разреден сок со вода а како бебињата ќе растат, можете да им дадете 50-100ml чист сок или пак комбинација со некое друго овошје.
Предности од конзумирање на цвеклото и здравјето кај бебињата
Цвеклото во себе содржи мноштво на минерали и витамини: железо, калциум, магнезиум, калиум, витамин А, Б комплекс, витамин Ц, витамин К и витамин Е. Доколку цвеклото се конзулира во дозволени количини, може да се намали ризикот од анемија, бидејќи е одличен извор на железо, кој го подобрува создавањето на крви зрнца, посебно кај деца.
Свеклото го подобрува варењето што посебно важно за почеток на дохрана кај бебињара бидејќи нивниот систем за варење полека се раавива. Исто така, цвеклото ги чисти бубрезите кај децата. Конзумирањето на свекло, ја подобрува циркулација во мозок и овозможува подобра активност и развој на мозокот што е многу важно за ран развој и функционирање на мозочните ќелии.