• Нема производи во кошничката.
a
  >  Здрава исхрана   >  Едноставно и вкусно: Оброк салата од карфиол
Едноставно и вкусно: Оброк салата од карфиол

Едноставно и вкусно: Оброк салата од карфиол

Оваа кремаста салата со карфиол се припрема многу брзо, можете да ја направите како оброк или  како додатно јадење, а децата сигурно ќе ја обожаваат.

Потребно ви е:

-1500 грама свеж карфиол

-400 грама кисела павлака

-200 грама мајонез

-2 лажици мелен сончоглед

-3 лажици мелен сусам

-малку лист од магдонос

-сол по вкус

Припрема: 

Измијте го карфиолот и исецкајте го на мали парчиња, измешајте ги сите состојки кои се наведени. Сончогледот и сусамот се повкусни ако претходно ги пропржите, а потоа додајте го и листот од магдонос.

Послужете како прилог, но можете и како оброк салата.