Едуцирајте се на време: 3 најважни работи кои би требало да ги знае секоја трудница за оралното здравје на детето
Кога треба да се почне со миење на заби, во која возраст детето би требало да се однесе на стоматолог и колку се важни млечните заби?
Бременоста, како и периодот од раното детство се исклучително осетливи и многу важни периоди, кои се неопходни за адекватна едукација за специфичностите, значењето и начинот на одржување на оралното здравје.
Со оглед на големата распостранетост на кариесот во раното детство, се смета дека едукацијата на мајките за начинот и значењето на оралното здравје треба да почне уште за време на бременоста.
Според спроведени анкети направени на трудници, се добиени податоци дека 60 проценти од нив сметаат дека миењето на заби треба да започне по третата година од животот на детето. Тоа е погрешен став и претставува голем ризик за настанување на кариес од рано детство.
Со миењето на заби треба да се започне со појавата на првиот заб во устата, а неколку дена по раѓањето на детето треба да се почне со бришење на неговата уста со навлажнета стерилизирана газа.
Само 30 проценти од родителите биле информирани дека на првиот стоматолошки преглед треба детето да се донесе со навршена прва година од животот. Ова е многу важно. Раниот преглед е многу важен бидејќи таму би можеле да се едуцираат и самите родители и на време да ги корегираат евентуалните неправилности за растот и развојот.
Исто така важно е детето да се донесе на превентивен преглед додека нема никакви проблеми, за да би се спровеле потребните заштитни мерки и да се намали нивото на ризик од настанок на кариес.
Она што е добро, е дека поголемиот број на испитаници се свесни и запознати со тоа дека кариесот може да се спречи. Но податокот кои загрижува е дека дури 20 проценти од идните мајки сметаат дека млечните заби не се важни. Млечните заби се многу многу важни за оралнот и опто здравје на детето. Овозможувајќи му на детето правилна исхрана, говор, голтање, изглед и развој на заби во адекватна средина. Занемарувањето на здравјето на млечни заби може да доведе до голема лоша последица по општото здравје. Тоа може да предизвика болка, нелагодност, неправилен говор, намалување на самодоверба, исто така може да смета во развојот на не-млечните заби.
Оралното здравје на мајката е многу важно за бебето, уште од зачетокот. Неопходно е идните мајки уште во бременоста да се запознаат со значајноста и начинот на одржување на оралното здравје кај бебињата и малите деца со цел превенција од орални болести.