Ефикасен начин да ја намалите упорната, висока температура кај децата
Совети на лекарите: Ефикасен начин да ја намалите упорната, висока температура кај децата.
Како на бебето да ја намалите температурата ако порасне над 38,5 степени, а не е поминато доволно време од последното земање на лекот?
Aнтипиретици се лекови кои ефикасно влијаат на температурата кај бебињата. Бруфен и Парацетамол (Paracet, Eferalgan, Febricet…) се два најчесто користени препрарати. Бруфенот се дава орално (сируп), а парацетамолот може да се примени и како супозиторија (чепчиња). Вообичаена доза најчесто се дава на 6 часа.
Кога температурата се качува високо, тој интервал може да се намали на 4 часа. Тоа значи дека истиот лек може да се даде максимум 6 пати за 24 часа (на четири часа). Секако, потребно е да се почитува дозирањето, кое е најдобро да биде посочено од педијатар. Со лековите се препорачува и разладување на бебето-лесна облека и туширање со млака вода .
Бруфенот и парацетамот може да се конбинираат кај бебиња, кога температурата е многу висока и често расте. Се работи за два различни лекови, кои различно се елиминираат во организмот, но имаат сличен ефект кој влијае врз намалувањето на температурата. Секако, кај комбинација од овие лекови мора да се води грижа за дозата. Најдобро е да се дава наизменично Бруфен и Парацетамол-на секои четири часа, а секое почесто давање (со разлика од помалку четири часа), би требало да се прецизира со педијатар.