Ендометриоза
Колкави се шансите за оплодување и што жените можат да направат за да ги искористат сите можности?
Постојат три начини за оплодување со дијагноза ендометриозан а тоа се:
-По природен пат, лапараскопска хируршка интервенција и вештачко оплодување.
Оплодување по природен пат
Студиите покажале дека жените со поголем стадиум на ендометриоза имаат од 2 до 10 проценти шанси да забременат. Доколку ендометриозата е во почетен стадиум (ниво 1 или 2) жените имаат многу поголеми шанси по природен пат да забременат.
Лапараскопска хируршка интервенција
Најточната дијагноза може да се постави само со помош на дијагноза од лапараскопија. Методот кој овозможува на лекарот директно да ја види матката, јајцеводот и карлицата подлабоко. Лапараскопската интервенција е смислена на тој начин што делови од ендометриозата се отстрануваат од сите околни органи, најмногу јајцеводот и негово враќање во нормала. Мораме да потенцираме дека ендометриозата може повторно да се појави и дека со бројните интервенции шансите за забременување се намалуваат.
Вонтелесно оплодување
Шансите за оплодување со помош на вонтелесно оплодување кај жени кои имаат ендометриоза се 39,1 проценти од сите старосни групи. Истражувањата покажуваат дека успешноста за вонтелесно оплодување опаѓа, додека степенот на ендометриозата расте. Меѓутоа глобално гледано, вонтелесното оплодување успешно ги зголемува шансите за оплодување.