Епидемија на морбили (ситна сипаница) – причина негативните кампањи против вакцинација, изјави Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче
Во скопксата населба Радишани, 5 деца биле заразени со морбили (мала сипаница). Поради тоа комисијата за заразни болести при Министерството за здравство донесе одлука најмалку две недели да се затвори градинката.
Во моментов се регистрирани шест заболени лица, пет се деца од предучилишна возраст и еден возрасен маж.
Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче изјави дека ова е резултат на негативните капањи против вакцинирање, посебно со вакцината МРП. Тој прогласи епидемија на морбили (мали сипаници).
„Станува збор за болест која се превенира со вакцинација. Упатувам уште еден апел, покрај сите кампањи што прави Министерството за здравство, родителите да ги вакцинираат своите деца. Воедно, упатувам апел до родителите да не ги носат децата во оваа градинка. Периодот од 2 недели ќе се искористи за итна дезинфекција на објектот, а понатаму и за имунизација на сите деца кои не се вакцинирани. За жал сите заболени лица се невакцинирани. Три од пет деца се сместени на Клиниката за инфективни болести, а останатите дечиња се наоѓаат на домашно лекување“, изјави министерот Филипче.
Министерството ќе ги преземеме сите неопходни мерки за заштита.
„Очигледно дека не се почитува потребата да се достави вакциналниот картон при упис во градинка и во училиште. И ние ќе бидеме приморани да направиме законска промена. Ќе инсистирам на тоа, ќе направиме уште еден состанок со претставници Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика. Невакцинирањето носи сериозни ризици од појава на епидемија, која може да има и фатални последици, а се превенира со вакцинација“, потенцираше министерот Филипче.
За избор на вакцинација постои различен став од страна на родителите. Дали оние кои не го вакцинирале своето дете, овој пат ќе се решат за тоа ?…