ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Предности на епидуралната анастезија
    Епидурална анастезија

    Предности на епидуралната анастезија

     Предности на епидуралната анастезија

    Епидуралната анастезија е локално внесување на анестетик по пат на катетар од епидурален простор, со што се блокира сензорниот нерв. Епидуралниот катетар е од пластика, многу е тенок. Едниот крај од катетарот се става во епидуралниот простор низ игла, а другиот преку грбот на родилката оди до нејзиното рамо.

    Подоцна низ тој катетар се става анаестетик, кој се дозира по пат на специјална пумпа. Со оглед на тоа дека се вади и фрла, а во грбот на жените останува само епидурално цевче, породилката може за цело време да лежи на грб.

    Епидуралната анастезија:
    – Ја намалува непријатната болка во процесот на породување
    – Доколку породувањето е долго и тешко и родилката нема сила, епидуралната анастезија може да помогне трудницата да собере сила и да го заврши породувањто до крај.

    Во периодот пред породување консултирајте се со својот гинеколог како да ја донесете правата одлука и дали епидуралната анастезија е вистинска опција за вас.
    Доколку се одлучите на овој чекор, ќе биде потребно да се направат анализи кои вклучуваат крвна слика, време на коагулација и време на крварење како и биохемиски анализи.