
Есенски топол десерт: Поховани јаболка со цимет
Исполнете ги со прекрасен мирис на јаболка и цимет првите есенски денови.
Во продолжение ви предлагаме еден прекрасен рецепт кој децата ќе го обожаваат и во кој ќе ужива целото семејство.
Похованите јаболка, претставуваат слатко кое брзо и едноставно се припрема. Се служат топли, но се многу вкусни и ладни.
Потребно е:
-2 јајца
-3-4 јаболка
-8 лажици брашно (може и пченкарно)
-малку сол
-1/2 шолја млеко или кисела вода
-масло за пржење
-цимет и шеќер во прав
Припрема:
1.Јаболките излупете ги и исечете ги на малку подебели кругови.
2.Изматете јајца, па додајте млеко/вода и сувите состојки кои претходно сте ги измешале (брашно, шеќер, сол). Се добро измешајте (тестото би требало да биде погусто од тестото за палачинки) и оставете да одстои дваесетина минути.
3.Јаболката ставете ги во тестото и пржете на загреано масло.
4.Кога ќе добијат златна боја, извадете ги и оставете ги на хартија за да се исцеди вишокот од маснотијата.
5.Посипете ги со шеќер во прав и цимет и послужете.
На здравје!