Eве колку е важно кај децата да се роди љубов кон спортот
Физичката активност е многу важна за децата, додека им се формира телото, па родителите треба да направат се за тие да го засакаат спортот…
Важноста на спортот во животот на детето
Децата прават големи планови за летото, учениците се радуваат многу, а помалите ќе се одморат од градинката. Сега е моментот да смислите начин како ќе се забавуваат и ќе се рекреираат, не им дозволувајте времето да го поминат пред ТВ или пред компјутер.
Физичката активност е многу важна за децата додека телото им се формира, па родителите треба да направат се за детето да го засака спортот. Сега се прават навики, кои ќе им останат за цел живот. Рекреацијата влијае на правилниот развој на органите и коските, ги зајакнува мускулите, го зголемува капацитетот на градниот кош, допринесува за подобро чувство на рамнотежа. Го поттикнува развојот на моторниот систем и координацијата на движењето, го подобрува памтењето и концентрацијата, го зајакнува имунитетот и го смалува ризикот од здебелување. Децата кои се физички активни се постабилни и емоционално и психички, повеќе се дружат, поупорни се, поамбициозни но и помалку агресивни.
Важно е мајката и такото да му даваат пример на детето, па заедно да вежбаат, пливаат, шетаат, возат точак, ролери. Во слободните денови секако одете во природа, а ако имате двор направете им на децата полигон за играње, со импровизирани справи кои ќе ги прескокнуваат, ќе се качуваат по нив или ќе ги заобиколуваат. По некое време додадете нови или направете нов распоред на старите. Носете ги на базен, кошарка и на терени за одбојка и обидете се да ги засакаат сите спортови, без разлика на тоа кој пол се децата. Колку повеќе ќе испробаат, полесно ќе откријат во што се најдобри.