• Нема производи во кошничката.
a
  >  Актуелно   >  Еве зошто татковците заслужуваат повеќе почит
Еве зошто татковците заслужуваат повеќе почит

Еве зошто татковците заслужуваат повеќе почит

На татковците им е предодредено напорно да работат, да обезбедат егзистенција, да бидат поддршка и секогаш да имаат време за своето семејство. Од друга страна мајките се тука, да ги чуваат децата и да внимаваат на куќата.

Ваквото мислење особено е врежано во традиционалните култури, каква е и нашата. Но дали е навистина така? Дали татковците денеска се многу повеќе од “такви родители”?

Популарниот портал Bright Side издвои неколку важни работи кои ги рушат стереотипите за татковците и поради кои заслужуваат повеќе внимание и почит.

Таткото е потценет родител

И мајките и татковците се грижат за децата кога ќе дојдат на свет, но татковците често не се толку “славни” како што се мајките. Едно истражување покажа дека најмногу телефонски повици се случуваат на денот на мајките, повеќе одколку на било кој друг празник, вклучувајќи го и денот на татковците, а анкетата од 2019 година покажа дека многу повеќе семејства планираат да го прослават денот на мајките од денот на татковците и дека многу повеќе пари се трошат токму тогаш.

Тоа секако се лоши показатели, особено за оние татковци кои многу се трудат околу нивните семејства. Дури и друштвото ја препознава важноста на мајката повеќе од онаа на таткото. Не секој работодавец нуди платено породилно отсуство за татковците, а во случај на старателство над детето, големиот број на судии и понатака ги фаворизираат мајките.

И татковците се жртвуваат исто како мајките

Татковците се прекрасни исто колку и мајките. Тие се оние кои одат на работа, иако можеби не уживаат во тоа, само за да обезбедат се што треба. И после напорниот ден им помагаат на мајките околу децата и домот. Некогаш тие се оние кои остануваат дома и се грижат за децата, за мајките да можат да одат на работа.

Тие се оние кои некако имаат стекнато суперхеројски моќи. Кога ќе видат дека нивните малечки ќе се повредат, рефлексите се активираат и веднаш скокаат за да ги спасат. Тие се оние кои си играат и се борат со децата, така што мајката може да има време за себе – дури и ако тоа ја троши нивната енергија.

Тие се оние кои прават се што е во нивна моќ за нивните деца да имаат подобри шанси во животот отколку што имале тие. Тие силно веруваат во своите деца. Дури и ако целиот свет вели дека нивните малечки не се доволно добри, тие знаат што да кажат како би го подигнале нивното самопочитување и вербата во себе.

За сите татковци на овој свет

За сите оние татковци кои даваат се од себе за своите деца, за оние кои плачат кога ја мажат својата ќерка, за оние кои ги учат своите синови да бидат уште подобри луѓе – благодарност!

Го заслужуваат целото почитување кое го заслужува секој добар родител. Животот би бил празен без нив.