ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Фитнес за мајки и бебиња
    Фитнес за мајки и бебиња

    Фитнес за мајки и бебиња

    Во склад со истражувањата на Светската асоцијација за спорт и физичко образование, бебињата, малите деца и децата од предшколска возраст би требало да поминуваат најмалку еден час дневно во некоја физичка активност како би имале правилен раст и развој.

    Доколку децата растат со вежби и навики многу е мала веројатноста дека таквите деца ќе имаат проблеми како што се гојазност, деформитети на грбот, колената, стапалата, кардиоваскуларниот систем  и дијабетес во иднина.

    Вежбање со бебе

    Вежбите мораат да бидат прилагодени на возраста, што значи дека треба да се менуваат како детето расте. Основата е следна: во првото тромесечје вежбите имаат за цел опуштање, посебно на рацете, нозете и главата кои долго биле згрчени во матката. Во другото тромесечје се прават вежби за сите делови на телото со цел стимулирање на самостојното движење на детето, било тоа да е ползење или ползење на задник. Последното тромесечје е наменето за вежбите за зацврстување на стоечката положба и подготовки за одење.

    Едноставни вежби кои можете да ги правите сами со вашето бебе:

    -Играјте на музика додека детето ви е во раце.

    -Помогнете му на детето да се исправи до седечка положба, така што ќе го ставите во скут, ќе го фатите за раце и полека ќе го повлечете кон себе.

    -Стимулирајте го вртењето на бебето од грб на стомак и обратно додека е на кревет.

    Совет: Избегнувајте дубак и кенгур, а наместо тоа дозволете му времето да го поминува на подот.