Физичкиот интензитет на бременоста може да се спореди со 40 неделен маратон
Истражувањата покажаа дека трудниците трошат практично иста количина на калории како и професионалните атлетичари.
Истражувачите ги проучуваа границите на човековата издржливост и покажаа дека физичкиот интензитет на бременоста може да се спореди со 40 неделен маратон.
“Секоја жена која поминала низ бременост ја има почуствувано оваа врста на напор” истакнува Херман Понцер, професор антрополог на Универзитетот Дјук.
“Бременоста е најдолгорочен потрошувач на највисоко ниво на енергија за кое човек е способен. Мајките оваа процена веројатно воопшто не ги изненадува.”
Анализирани се елитни атлетичарки од најтешките трки, кои се способни да истрчаат дури шест маратони во неделата и тоа за четири месеци.
Научниците го набљудуваа базалниот метаболизам, количината на калории потребни за функционирање на организмот во текот на мирување. Спрема студијата, најмногу што човек може да постигне е 2,5 пати повеќе согорувања во однос на BMI, или околу 4000 калории дневно, додека кај трудниците се достигнува 2,2, практично максимум и тоа секојдневно, сите 270 дена. Повеќе од тоа во текот на бременоста не би било одржливо, затоа што може да доведе до оштетување на телото, па дури и смртност.
Енергијата во текот на маратонот достигнува 15,6, но тоа трае краток период.
Можете да трчате спринт на сто метри, но и да џогирате со километри? Тоа е вистина, нормално.
Меѓутоа, проблемот настанува не во врска со работата на срцето и капацитетот на плуќата, туку со дигестивниот систем. Спрема стручните лица, луѓето едноставно не можат правилно да процесираат доволно калории доколку ја достигнат бројката од 2,5. Тогаш телото почнува практично да се јаде самото себе.
Постои ограничена количина на калории кои нашиот организам може да ја апсорбира во тек на еден ден.
Значи, трудници, следниот пат кога ќе се чувствувате виновно затоа што не одите на час по јога или кога ќе изедете многу сладолед, сетете се дека бебето е вашата најголема трка во животот – ја заслуживте својата награда.