
Фотографија на која стујардеса дои расплакано дете, прелета низ цел свет
Вообичаено е дека стујардесите помагаат на патниците досека се во авион, за што и да се работи. Меѓутоа, младата Патриша Органо имала една посебна задача поради која, со причина, стана звезда на интернетот. На вообичаениот, домашен лет на Филипини, дваесет и четири годишната стујардеса, слушнала плач на дете и инстиктивно и пришла на мајката која останала без адаптирано млеко за бебе. На изненадување на мајката, стујардесата и се понудила да го надои детето во другиот дел од авионот.
Органо е мајка на деветмесечно бебе па и било многу јасно како и е на патничката со бебе кое неутешно плаче.
“Штом го слушнав плачот, знаев дека мора да постои начин на кој би можела да помогнам. Кога мајката ми кажа во што е проблемот, знаев дека немаме дохрана за бебе во авионот, па морав сама да се понудам за помош” – раскажала Органо и додала дека мајката била задоволна кога слушнала.
“На аеродромот ја поминала цела ноќ и поради тоа мајката останала без храна”, додала стујардесата.
Штом бебето се смири, Органо во очите на мајката видела олеснување, а бебето брзо заспало.
“Можам да го замислам хаосот во глава на таа жена, како мајка знам низ кој стрес жената проаѓала. Беспомошноста која ја чувствувате кога не можете да го нахраните гладното бебе е страшна, морав да излезам во пресрет. Не можам со зборови да опишам колку исполнето и корисно се чувствував кога видов дека можам да помогнам”, заклучила Органо која е среќна што дои и што може да го нахрани своето но и туѓото дете ако за тоа се укаже потреба.