Генијални цитати на руски педијатар: Психичката благосостојба на мајката е најважната задача на таткото
Јевгениј Олегович Комаровски е еден од најпознатите и најпризнати педијатри на територија на бившиот Советски Сојуз. Доктор е по медицински науки, телевизиски водител и автор на 15 книги за нега на детето. На многу разумен начин пренесува драгоцени информации за здравјето и воспитувањето на децата, поради што ужива почитување од многу родители.
1.100% од возрасните луѓе знаат како се прават деца, но 99.9% не знаат како се ствараат луѓе.
2.Психичката благосостојба на мајката која води грижа за детето е најважната задача за таткото. Таткото е тој чија обврска е да ги решава проблемите со роднините и комшиите.
3.Среќно дете пред се е дете кое е здраво а дури потоа дете кое знае да чита и да свири виолина.
4.Среќно дете е дете кое има мајка и татко, кои пак имаат време не само да го сакаат детето туку и да се сакаат меѓусебе.
5.Ни големиот број на педијатри ни добриот глас нема да ги решат здравствените проблеми на детето. Тоа е невозможно пред се затоа што неговото здравје многу повеќе зависи од неговите мајка и татко отколку од сите педијатри заедно.
6.Детето не е ништо должно на никого.
7.Лично, кога ми доаѓаат родители на болни деца, често ги советувам да си набават куче. Затоа што кучето е реална причина да ги натера родителите два пати дневно да го изнесат и детето на прошетка.
8.Детето баш треба да биде такво – слабо и активно.
9.Сигурен сум дека поголемиот број од децата се раѓаат здрави, но дека здравјето им го нарушуваат родителите и медицинските работници.
10.Суштината и идеологијата на еднократните пелени се состои во следното: на детето пелени не му се потребни, туку потребни и се на мајката.
11.Среќата и здравјето на семејството се најаважни. Семејството треба да се однесува во согласност со интересите на семејството а не во согласност со интересите на детето. Јас не можам да замислам моето дете да добие чоколада и да не ја подели на четири дела.
12.Што е најважно: Ти не си центарот на светот. Ние како семејство – тоа е центарот на светот. Добрите луѓе сегде, секогаш и спрема сите се добри. Подели се добро: расположение, храна, ствари. Немој да се жалиш!