
Гојазноста ја намалува плодноста кај мажите
Младите гојазни мажи, во однос на мажите на исти години со нормална тежина, имаат помал број на сперматозоиди. Исто така, мажите кои секојдневно конзумираат месни преработки и млечни полномасни производи често имаат намален квалитет на сперматозоиди.
Гојазноста спрема истражувањата е тесно поврзана со плодноста.
Додека исхраната богата со овошје, зеленчук и безмасни млечни производи доведува до подобрување на спермата.
Во студијата спроведена на повеќе од 2000 мажи на старост од 20 до 30 години, докажано е дека гојазноста (посебно во пределот на стомакот) доведува до намалување на бројот на сперматозоиди.
Научниците од Институтот Бернабе во Шпанија веруваат дека зголемениот внес на антиоксиданси ги штити сперматозоидите од оштетување, додека пак внесувањето на ксенобиотици, стероиди, пестициди и различни хемикалии од околината имаат резултат сличен на естрогенот.
Истата студија покажа дека во вакви случаи, со секојдневни сексуални активности доаѓа до подобрување на спермограмот после само една седмица.