Големината на вашиот стомак во текот на бременоста
На почеток на бременоста матката е отприлика во големина на една круша, на крајот на бременоста може да се спореди со кошаркарска топка. Иако големината на утерусот е воглавно иста кај секоја трудница, стомакот се разликува кај секоја од нив.
Големината на бебето, ретко кога се поврзува со големината на вашиот стомак. Се зависи од жена до жена, посебно кога ќе почне стомакот да се движи напред-назад. Дали стомакот на крај на бременоста ќе биде рамен или пак не, дали ќе биде шпицест или пак округол, зависи од повеќе фактори.
Жената која се занимава со спорт, има затегнати стомачни мускули, кај ваквите жени голема е веројатноста стомакот бавно да се зголемува и визуелно при крај на бременоста да не е енормно зголемен.
Ниските трудници најчесто порано ќе ги препознаете дека се бремени. Причина за ова е што стомакот, поради висината има помалку простор за да се прошири, па стомакот расте повеќе на напред. Кај високите жени сето тоа се распоредува малку подобро.
Изразено повлечената кичма го смалува просторот. Мускулатурата на стомакот и стомакот се поместуваат поизразено напред. Големиот стомак може да биде последица од преголемо ниво на течности во ткивото или голема количина на плодова вода.
Докторот преку ултразвук може да ја провери големината и тежината на вашето бебе и така ќе процени дали енормно зголемениот стомак или пак рамниот стомак се нормални ситуации или пак ќе треба настанатата ситуација да се третира. Околу 34 седмица , стомакот кај една трудница достигнува висина до ребрата. Многу жени во тој период често се задишуваат и на голем број од нив ова им претставува тешкотија во секојдневието. Во последните 4 недели од вашата бременост, тој притисок ќе се намали. Стомакот ќе се спушти и вие ќе можете полесно да дишете, а ова е така бидејќи вашето бебе се спушта и се припрема за доаѓање на свет.