ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Гордон Ремзи стана татко по петти пат: После три БАФТИ и едно ЕМИ, најпосле освоивме ОСКАР
    Гордон Ремзи стана татко по петти пат: После три БАФТИ и едно ЕМИ

    Гордон Ремзи стана татко по петти пат: После три БАФТИ и едно ЕМИ, најпосле освоивме ОСКАР

    Познатиот светски кувар и неговата сопруга Тана го добија своето петто дете, момчето Оскар.

    “После три БАФТИ и едно ЕМИ, најпосле освоивме ОСКАР. Ве молам поздравете го Оскар Џејмс Ремзи, кој пристигна во 12:58 на ручек“ напиша славниот кувар заедно со фотографијата со својата сопруга и малечкото.

    Гордон и Тана веќе имаат четири деца: ќерката Меган (21), деветнаесет годишните близнаци Холи и Џек и седумнаесет годишната Матилда.

    Тана успеа повторно да остане бремена, со оглед на тоа дека доживеа спонтан абортус. Партнерите за тоа говореа јавно, а Ремзи на Фејсбук им се заблагодари на сите за поддршката која му е пружена: “Здраво луѓе. Сакам да Ви се заблагодарам на поддршката во последните неколку недели. Имавме ужасен викенд. Тана го изгуби нашиот син во петиот месец од бременоста. Заедно се опоравуваме како семејство и сакаме на сите да Ви се заблагодариме на поддршката и убавите желби. Посебно сум благодарен на болницата во Портланд за се што направија.”  

    И после оваа ситуација која ја зафати оваа фамилија, тие успеаа да се изборат и да станат родители по петти пат. Веруваме дека родителите се пресреќни, а браќата и сестрите со нетрпение чекаат да го земат во прегратки малото братче Оскар.