ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Интервју   >  Градинка, баба или дадилка? – што е вистинскиот избор?
    Градинка

    Градинка, баба или дадилка? – што е вистинскиот избор?

    Секојдневно многу родители во Македонија се исправени токму пред оваа дилема. Породилното отсуство поминува, кому да се довери грижата за најмилите? Во државните градинки многу често нема место, групите се преполни па не сте сигурни дали детето ќе го добие потребното внимание и грижа? Тоа е една дилема. 

    Дадилка е во игра, но која, како да ја најдете вистинската, дали таа ќе може да одговори на едукативните и воспитни потреби на детето кои не смеат да се запостават?
    Бабата пак, колку и да е најпосакуван и најбезбеден избор, си има свои „негативности“ од аспект на разгалување на детето и дозволување буквално на се.

    Приватните градинки од друга страна се почесто се одлична варијанта. Но, освен во Скопје, во другите градови речиси и да нема приватни градинки. Овде децата се згрижени во помали групи, и вниманието на децата е поголема. Градинката врши важна улога во психосоцијалниот, емоционалниот и психомоторниот развој на детето, што ќе му обезбеди подобар старт во училишната средина. Во повеќето градинки постојат воспитно-едукативни програми,  кои ги стимулираат децата во развојот на нивните вештини, што значи, дека градинката не е само место каде ни ги чуваат децата. Во градинката децата го збогатуваат фондот на општи знаења, учат да функционираат во група, учат како да бидат самостојни (облекување, јадење, спремање на играчките), ги препознаваат буквите, бројките…

    Секако и финансикиот момент е една дилема за која сите родители се водат кога станува збор за запишување на детето во градинка.

    Во прилог ви прикажуваме колку всушност би ве чинело месечно или дневно доколку се одлучите вашето дете да го запишете во приватна градинка:

     

    Во секој случај, секоја од овие варијатни за згрижување на вашето дете си има свои предности и маани.
    На оваа тема малку истражиме, што е она што разни психолози предложуваат како најдобра опција од трите. Градинка, баба или 
    дадилка? Кои фактори треба да ги земат предвид кога размислуваат на оваа тема?

    Тие велат дека сепак се зависи од индивидуалнитaе предиспозиции и постигнатото развојно ниво на детето.

    Но генерално, доколку се земат сите параметри, градинката е вистинското место за секое дете.

    Специјално за вас направивме и уште едно мало истражување. Најдовме 10 родители кои ги носат децата во приватна градинка и исто толку родители кои ги носат своите деца во државна градинка. Ги прашавме какво е искуството кое го имаат од градинките и што најмногу им пречи или им се допаѓа. Резултатите кои ги добивме беа следните:

    За жал многу голем дел од родителите кои ги носат децата во државните градинки беа со различни незадоволства. Затоа ќе одвоиме дел од нив и ќе ги споделиме со вас.:

    -не им се обрнува доволно внимание на децата,

    -имаат само една воспитувача во група од сигурно 15 деца

    -не се воопшто услужливи

    -се пресоблекуваат само во точни предвидени саати – тоа пред се не е хигиенски,

    -децата постојано се разболуваат и уште многу други незадоволства

    Секако имаше и такви кои се задоволни, но дефинитивно незадоволството преовладуваше.

     Од друга страна пак за приватните градинки го добивме спротивното. Задоволството беше далеку поголемо одколку незадоволството па затоа во овој случај ќе сподели некои од нив:

     -даваат голема едукација, грижа и внимание на секое дете поединечно,

    -имаат мали групи со деца,

    -имаат одлично мени за храна создадена од професионалци во својата област,

    -во секое време се достапни за да ве известат што прави вашето дете, ви испраќаат дури и слики,

    -ви даваат извештаи за здравствената состојба на детето и постојана информација како се одвива неговиот развој.

     За крај, би сакале да го слушнеме Вашето мислење и искуство!