Градинката Пиколини во Хуманитарна акција под мотото „Мали рачиња со големи срца“
Детската градинка Пиколини како општествено одговорна компанија се вклучува во хуманитарна акција за донација на облека на деца од рурални средини во Македонија. Акцијата под мотото „Мали рачиња со големи срца“, ја започнуваат во среда на 24.10.2018 година и ќе трае до петок 26.10.2018 година. Се повикуваат сите оние кои имате облека за донирање да ја донесете во Пиколини. Во холот ќе биде поставен пакет украсен од дечињата и со нивни пораки до нивните непознати другарчиња кои ќе ја носат нивната облека.
Имено, идејата на оваа хумана акција е самите дечиња да се научат на хуманиот момент на споделување нешто што некогаш било нивно, а веќе не им треба, дека за некое детенце може да биде се. Изјавија од детската градинка ПИКОЛИНИ.
Во однос на големината на гардеробата препорачуваат да не се органичувате на детска облека до 6 годишна возраст, добродојдена е и гардероба за повозрасни деца.
Тие, се надеваат дека оваа хуманитарна акција ќе биде прифатена а за тоа однапред им благодарате за покажаната хуманост.
Babyshop.mk Им честита за оваа одлична идеја и се надева дека ова ќе биде само еден убав пример за останатите.