• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Грчеви (колики) кај бебиња
Грчеви (колики) кај бебиња

Грчеви (колики) кај бебиња

Овој термин опфаќа група симптоми што предизвикуваат нервоза и вознемиреност кај бебето. Конкретните причинители на грчевите не се познати, а појавата е ретка по вториот и третиот месец.

Симптоми на грчеви се често будење, неутешно плачење и вознемиреност проследена со гасови. Ако се сомневате дека бебето страда од грчеви, обратете се кај педијатар, кој може да ви препише капки против гасови. Можете да ги искористите и следниве техники. 

1. Обидете се да го смирите бебето. Нишајте го, думкајте го или шетајте го бебето, заедно со уште еден негувател, на смени од 10 минути. Движењето може да му го одвлече вниманието. Можете и да го носите во раце или да го повозите во автомобил.

2. Нежно притискајте го стомакот на бебето. Со ова ќе му помогнете на бебето да ги исфрли гасовите. Легнете го бебето врз вашата рака или потпрете се на стол или софа и фатете го бебето така што стомакот ќе му легне на вашите ребра.

3. Ако го доите бебето, од исхрана исфрлете ги продуктите што прават гасови, како зелката, гравот, млекото и кофеинот.

Совет: Секој родител има некој трик за справување со грчевите. Некои тврдат дека масажата и топлите купки се најефективни, други советуваат подои на покус интервал. Побарајте предлог и од педијатарот.