Грешки при успивање на бебето
Повеќето бебиња со три или четири месеци се подготвени да ја преспијат ноќта – ако нивните родители го дозволат тоа. Дознајте кои се најчестите грешки што родителите ги прават кога се обидуваат да успијат своето дете
Грешка број 1: Станавте роб на вашето бебе
Ако вашето бебе плаче секој пат кога ќе го спуштите во креветчето и секогаш се враќате да го утешите, тоа никогаш нема да научи како да се смири за спиење.
Се разбира, тоа не значи дека не треба да му помагаме на детето ако е болно или исплашено. Кога ќе го слушнете бебето дека навистина плаче, почекајте пет минути пред да одите во креветчето. Утре вечер, продолжете го тој интервал на десет минути, и така натаму. Конечно, бебето ќе научи да спие.
Грешка број 2: Продолжување на ноќното хранење
Вашето дете е подготвено да се откаже од храната на полноќ кога достигнува околу пет и пол килограми. Ако е потешко од тоа и продолжува да плаче преку ноќ, тоа е научена реакција. Наместо хранење, на детето дадете му шанса повторно само да се успие.
Грешка број 3: Думкање
Ако го правите ова често, вашето бебе ќе почне да зависи од тоа што постојано е во вашите раце додека не задреме.
Ако заспие кога ќе му дадете шише, лесно разбудете го пред да го ставите во креветчето. Најдобро е да го лулате бебето додека не се смири, а потоа да го ставите во креветчето, додека тоа е уште малку будно за да може да заспие само.
Грешка број 4: Го оставте детето со шише во креветчето
Кога вашето бебе спие со шише, неговотоо млеко може да остане во устата, што ќе доведе до промена на бојата на забите и нивно влошување. Спиењето со шише исто така го зголемува ризикот од добивање на инфекција на увото.
Грешка број 5: Замена на денот со ноќта
Вашето бебе никогаш нема да научи како да спие во текот на ноќта, освен ако не ја разбере разликата помеѓу темнината и светлината. За да му помогнете на вашето дете да организира ритамот на спиење, обидете се да ја осветлите неговата соба во текот на утрото и попладнето. И не оставајте светлина во собата ноќе.