ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Грешките на неискусните родители
    Грешките на неискусните родители

    Грешките на неискусните родители

    Грешките на неискусните родители

    7 работи кои сите родители ги правеле пред дa сфатат дека грешат и нема потреба од истото.

    Голем број на родители кога ќе добијат второ дете може да сфатат дека претерувале за одредени работи кога го добиле првото дете.
    Кога ќе дојде на свет првото бебе голем број на родители не се спремни и секогаш постои страв од непознататото.
    Во страв, дека нешто лошо може да се случи доколку не го направат она што го пишува во некој прирачник за нега на бебето, често прават работи за кои подоцна сфаќаат дека биле потполно непотребни.

    dve deca

    1. Давате храна на детето повеќе од она што му е потребно
    На малите деца им треба многу помалку храна за да ги задоволат дневните потреби на својот организам но тоа е работа која поголемиот број на родители, кои се по прв пат во таа улога не го разбираат сето тоа.
    Неретко ќе се најдете во ситуација како го молите вашето дете или пак го казнувате доколку не ја изедат цела количина храна која сте им ја сервирале а за која децата сметаат дека им е непотребна.
    Кога ќе го добиете вашето второ дете или пак некој од вашето опкружување ќе добие второ дета, а вие сте во случајот само посматрачи, ќе сфатите дека ако детето е гладно, само ќе побара храна.

    2. Беспотребно го будите своето дете
    Дали и вие со првото дете сте се држеле според распоредот за хранење, играње и поради тие активности сте го буделе вашетот дете? Сте се плашеле дека ќе заспие во ноќта па од причина на детето сте му ја крателе дневната дремка. Често се случувало дури и да го будите вашето дете бидејќи дошле гости и сакале да го видат. Подоцна ќе сфатите дека ниедна од наведените причини не е доволно голема и добра за да го будите вашето дете.
    Кој сака да го види, тоа може да го направи додека спие но и зошто би ја пропуштиле ретката прилика на мир да испиете едно кафе?

    3. Миевте се што паѓа на под
    Најчесто кога нешто ќе падне на под, родителите се загрижени и се во ситуација каде често одат и на лекар за да проверат дали е добро детето бидејќи било во допир со предмет од земја. Кога друго дете ќе стави во уста нешто што паднало, родителите веднаш ја мијат устата, рацете, додека трети само малку ќе го избришат детото, евентуално ќе го издуваат предметот, но од малку прашина или пак земја, доколку сте излезени надвор, детето сигурно нема да му биде ништо.

    4. Купувавте исклучително органски намирници
    На почетокот сте купувале исклучително еколошки и органски кашички, домашни непрскани овошја, а потоа органското и непрсканото полека го заменувате со секојдневна храна која ја јадете и вие, која само ќе ја истолчите со вилушка и ќе гледате како вашето дете расте и се развива со сосема нормално темпо.

    5. Многу често сте менувале пелена
    Родителите практично бдеат околу своето бебе, посебно кога е во прашање првото дете. Тоа подразбира честа проверка и менување на пелена штом бебето ќе се измокри.
    Сега ви е неверојатно јасно дека немало потреба од тоа. Пелената може малку да почека, не е неопходно да ја менувате веднаш штом вашето дете ќе се измокри.

    6. Купувавте скапа облека
    Првото дете, најчесто носи скапа и нова облека. Подоцна ќе сфатите дека тоа не била баш најмудрата одлука која сте можеле да ја донесете.
    Бебето многу брзо расте и поголемиот дел од облеката ќе ја надрасне уште во првата година. Освен тоа, бебето секојдневно ја валка облеката, бљуцка и навистина нема поента од прескапа облека.

    7. Премногу сте внимавале
    Како и поголемиот број на родители, од страв не им дозволувале на своите деца да скокаат, да се испотат или пак извалкаат. Меѓутоа, со тек на време и доаѓањето на второто дете ќе сфатите дека “животот под стаклено звоно” може повеќе да штети на детето отколку да му користи и ќе станете поопуштени.