ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Практични Мајки   >  Хемиски компоненти во фарбите за бојадисување на косата – можат да предизвикаат вродени маани кај бебињата
    Хемиски компоненти во фарбите за бојадисување на косата - Предизвикаат вродени маани кај бебињата

    Хемиски компоненти во фарбите за бојадисување на косата – можат да предизвикаат вродени маани кај бебињата

    Истражувањата докажаа дека некои хемиски компоненти во фарбите за бојадисување на косата можат да предизвикаат вродени маани кај бебињата

    Хормонските промени во бременоста предизвикуваат промената во текстурата и бојата на косата . Не е чудно поголемиот број на трудници да посакаат некоја промена на својата коса. Многу жени ја имаат фарбано косата и пред бременоста.

    Дали фарбањето на косата е сигурно во текот на бременоста?

    Поголемиот број на трудници си го поставуваат ова прашање. Но, одговорот не е лесен.

    Во последните години се направени голем број на истражувања со цел да се расветлат овие прашања. Неколку од направените истражувања и студии покажале дека некои хемиски компоненти во бојата на косата можат да имаат тератогени, односно можат да предизвикаат вродени маани.

    Сепак, во тие истражувања се употребени екстремно високи количини  на хемикалии, кои далеку ја надминуваат количината со која трудницата би можела да биде изложена за време на бојадисувањето на косата, на неколку месеци. Јасно е дека хемикалиите и во трајните и полутрајните бои за коса не се високо токсични. Но никој не знае сигурно дали постои ризик и при излагање и на мала количина.

    За сега, нема доволно информации кои би потврдиле дека користењето на хемиската боја на скалпот е потполно сигурно. Исто така, нема доказ дека користењето на боја еднаш месечно  би можело со сигурност да предизвика вродени маани.

    Иако доказите се ограничени, бојадисувањето на косата за време на бременоста најверојатно е сигурно и безбедно. Доказ за тоа е постојаната употреба на хемикалии во нашата околина, од каде и многу мала количина на тие хемикалии навистина се апсорбира во организмот.

    Сепак, немојте да се зачудите ако вашиот лекар ви препорача да не ја бојадисувате косата. Некои медицински стручни лица не даваат лесно зелено светло за фарбање на косата во текот на на сите 3 тромесечија, поради тоа што бојата се впива во кожата на главата и така навлегува во телото, па дури може да се најде и во урината.

    Лекарите советуваат избегнување на боење на коса со трајни бои за време на првото тромесечје, бидејќи е важен период во креирањето на неуролошкиот развој. Бојадисувањето може да се продолжи во второто или третото тромесечје.

    Воопшто, лекарите советуваат трудниците да го одложуваат боењето на косата до крај на првото тромесечје, но крајната одлука е сепак на самите трудници.