Хигиена на приборот за јадење на бебето
Како бебето расте и се развива, така и неговиот имунолошки систем станува се поцврст и спремен да се брани од вируси и бактерии. Додека бебето е мало неговиот прибор за јадење треба да биде беспрекорно чист и по можност стерилен. Стерилизацијата се врши еднаш дневно. Приборот кој го користите треба да го измиете во врела вода со гел за миење на садови (во продажба постојат беби гелови за садови), а шишињата и капаците се чистат со четка за миење на шишиња, потоа добро се плакнат и се ставаат да се стерилизираат. Кај силиконските и гумените цуцли треба да се измие млекото и да бидат превртени кога се стерилизираат. Се стерилизираат цуцлите, шишињата, лажливите цуцли, пумпите за одмолзување и чување млеко, секако по упатство на производителот.
Постојат три главни начини на стерилизација:
1.Стерилизација со ладна вода и хемиски средства (апчиња, течност).
2.Стерилизацијата на пареа е направена специјално за шишињата на бебето, тие се електрични или стерилизатори кои се ставаат во микробранова.
3.Шишињата можете да ги стерилизирате така што ќе ги спакувате како пакет во тетра пелена (поради бигорот) и ќе ги варите во посебно тенџере или лонец околу 10 минути од моментот на вриење. Цуцлите доволно е да се варат 3-4 минути.
Кога бебето ќе почне самостојно да седи и почнува да јаде цврста храна, а тоа е околу шестиот месец, приборот од кој јаде бебето (чинијата, шољата, чашата), не треба да се стерилизираат, доволно е да се измијат со топла вода и некој слаб бебешки гел за миење.
Во продажба може да се најдат и марамчиња за стерилизирање, потполно се безбедни, без мирис и вкус и може да е користат од првиот ден на раѓањето на бебето. Се користат во случај ако не сте во можнот да го измиете приборот на бебето. Многу се добри кога патувате со бебето. Оддржувањето на хигиената е многу важно да се продолжи и во периодот кога детето ќе прооди и ќе почне самостојно да јаде и пие.