ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Хигиена на уши, нос и нокти кај бебето
    Хигиена на уши

    Хигиена на уши, нос и нокти кај бебето

    Повеќето бебиња ќе се противат на дополнителни хигиенски третмани по капењето, сушењето и облекувањето. Затоа, некои родители ги оставаат овие процедури за подоцна.

    Уши: Треба да се чистат со памучно стапче за бебиња, со кое ќе го отстраните вишокот на восок или нечистотиите од надворешноста на увото. Водата внатре или надвор од увото не треба да ве загрижува, ниту, пак, води до инфекција на средното уво.

    ВНИМАНИЕ: Нема потреба да ги чистите местата што не се гледаат. Ако ставате памучни стапчиња (или што било друго) во ушниот канал или во носната празнина можете да предизвикате дефект.

    Нос: Со памучно стапче за бебиња-малку навлажнето, за да ја омекне слузокожата-исчистете го внатрешниот дел  од ноздрите на бебето.

    Нокти: Специјалните ножички за бебиња ќе ви ја олеснат оваа задача. Сечете ги ноктите на ист начин како и сопствените. Ноктите на нозете сечете ги во права линија. Ако бебето се противи можете да употребувате турпија наместо ножички.

    Експертски совет: Ако бебето се противи на сечењето нокти, можете тоа да го сторите кога спие. Со ова се смалува ризикот од повреда.