• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  Хормон на бременоста
Хормон на бременоста

Хормон на бременоста

Хормон на бременоста:Што е HCG и како се менува нејзината вредност?.

Дознајте што е Бета HCG, како се мери и кои се вредностите по недели од бременоста.

Бета HCG, значи хуман хорионски гонадотропин. Другиот назив е хормон за бременоста. Овој хормон се лачи во ткивото на постелицата на бебето. Дијагностички може да послужу за утврдување на бременоста, но и за пратење на текот на бременоста.

Неговото лачење може да се регистрира неколку дена по имплантација на ембрионот во матката. Денот кога жената најчесто ги прави тестовите за утврдување на бременост е првиот ден од изостанок на менструација, што во просек е 12 до 14ти ден после овулацијата. Нивото на Бета HCG во крвта е околку 100IU/L, но може да биде доста повисок или низок. Во случај на повеќе плодна бременост, нивото на БЕТА HCG може да биде значајно повисока.

Ниво на хормонот ја прати бременоста и правилниот развиток, отприлика се дуплира на секои два дена. Затоа лекарите понекогаш бараат од трудницата неколку пати во почетокот на бременоста да се исконтролира нивото на овој хормон за да ја потврдат бременоста како уредна.

Највисоко ниво достигнува околу 9-тата недела од бременоста, кога неговата висина е и до 120.00 IU/L. Вредноста потоа почнува да опаѓа, па од 20та недела па се до крајот на бременоста изнесува околу 20.000 IU/L.