ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Трудници   >  Хормони
    Хормони

    Хормони

    hormoni, raspolozenie, trudnici

     

    За време на пубертетот и периодот на ПМС, се соочувате со променливи хормони. За време на бременоста хормоните знаат буквално да лудуваат во вас. На некои жени, толку силно делуваат што се претвораат во сосема други личности. Некои од нив стануваат кревки, плачливи, хистерично среќни, загрижени па потоа оптимистични, уморни, хиперактивни, тивки и смирени а потоа огорчени…за целата оваа лепеза на расположение, виновни се хормоните.

    Расположението осцилира

    Дали со бебете ќе биде се како што треба, како ќе се движи бременоста и колку ќе боли, далу сум навистина спремна за ваков чекор, како ќе се снајдам – се само неколку од мислите кои проаѓаат низ главата на една идна мајка.
    Најголемите осцилации и расположение се случуваат во првите три месеци или пред крај на бременоста поради замор, стрес и самата помисла на тоа дека денот за породување се наближува па имате потреба за поддршка и внимание од страна на партнерот, семејството и опкружувањето. 

    Негативните мисли ве опкружуваат

    Освен лошата исхрана и стресот, трудниците треба да се чуваат од негативни мисли.

    Второто тромесечје најчесто претставува по мирен период. Најчесто помеѓу 18-та и 20-та бебето изразено почнува да мрда во стомакот на мајката, таа е посмирена и намалени се негативните  мисли.

    Она што е важно е во бременоста е да внимавате повеќе на себе од претходно, затоа што сте одговорни и за бебето кое го носите во себе, а тоа зависи само од вас.

    Промените на расположение секако ќе се случуваат и понатаму во бременоста, но доколку посветите повеќе време на себе во уживање, промените ќе ги поднесете многу полесно.

     

    Станувате тромави и лакоми

    Кога утринските мачнини ќе останат позади вас, почнете да работите на себе, да се опуштите, да се смеете и да го правите само она што вам ве прави посреќни.

    Иако често на вас нема да ви биде до ништо, пробајте да се тргнете од помислата да се излежавате по цел ден во вашиот удобен кревет па наместо тоа, прошетајте во парк и поминувајте повеќе време на свеж воздух, дружете се со позитивни луѓе и одете на масажа.

    Намалете го внесот на кофеин и трудете се да се храните разноврсно и урамнотежено, затоа што тоа ќе ви помогне во враќање на хормоните во нормала и рамнотежа. Со ова ќе му овозможите на бебето се што е потребно за правилен раст и развој, а за вас ќе обезбедите поголема енергија за се поголемите промени кои ќе следат..

     

    Килограмите се множат

    Многу трудници се загрижени дали по породувањето ќе можат да ја вратат својата килажа која ја имале пред да останат трудни. Заради оваа грижа, често се несигурни иако е нормално да имаат 10 до 15 килограми дополнително од претходно.  

    Идни мајки, немојте да бидете загрижени, причината за зголемената тежина е секако бебето, постелката, плодовата вода, повисоката количина на крв во организмот, зголемената матка и гради.

    Нивотот на стрес го пробива и плафонот

    Во последното тримесечје, стресот достигнува максимум поради пореметување на ритамот на спиење, отежнатото движење, стравот од самиот пороѓај…сето тоа предизвикува психичка исцрпеност, раздразливост и плашливост.

    Од овие тегоби патат и татковците, како и тоа да звучи неверојатно. Од таа причина многу е важно партнерите да разговараат за промените кои им се случуваат.

    На многу трудници им помага психофизичката припрема за пороѓај, каде можат да научат техники на дишење и теоретски да ги пројдат сите вази на породувањето. Пробајте и ќе се уверите дека ќе ви биде подобро.