• Нема производи во кошничката.
a
  >  Трудници   >  Хормоните се криви за се
Хормоните се криви за се

Хормоните се криви за се

Лудувањето на хормононите во пубертет и ПМС не е вредно да се спомне во однос на бурата која голем број на жени го поминува во текот на бременоста иако за тоа не се свесни. О, да! За разлика од нас, бидејќи сме најмногу фокусирани на физичките промени, нашата околина и тоа како знае зошто овој период од живото се вика “Во друга состојба”. На некои од нас хормоните толку силно ни делуваат што се претвораме во сосема друга жена од тоа што сме биле претходно- плачливи па хистерични, среќни, загрижени па оптимистички настроени, уморни, па хиперактивни, тивки, смирени…За се тоа се криви хормоните.
Расположението ни се менува.

Дали со бебето ќе биде се во ред, како ќе помине пораѓајот и колку ќе боли, дали сум спремна за тоа, како ќе се снајдам..- ова се само некои мисли кои поминуваат низ главата не некоја идна мајка. Најголемите промени во расположените се случуваат од првиот до третиот месец, но и пред крајот на бременоста поради уморот, стресот и фактот дека пораѓајот се ближи. Изразената потреба за внимание и подршка побарува поголемо внимание од партнерот, фамилијата и поширокото опкружување.

hormoni, bremenost, zena, majka, bebe, roditeli, babyshop, бебе, мајка, дете, хоромони, бременост1

Негативните мисли пстојано доаѓаат.

Освен лошата исхрана и стрес, бремените треба да внимаваат и на лошите мисли кои ми доаѓаат. Вториот триместар обично претставува по мирен период, стравовите се најмали измеѓу 18та и 20та недела, кога бебето почнува да се превртува во стомакот.

Она што е важно за бременоста е што повеќе да се грижите за себе, бидејќи сте одговорни за бебето кое го носите во себе и кое зависи исклучиво од вас. Промената на расположението секако и понатаму треба да ја очекувате , но доколку доволно време посветувате на себе и своето уживање, сето тоа лесно ќе го поднесете.

Постојано сме гладни

Кога ќе ви се појават утринските мачнини, почнете да се смеете и правете го само она што ви прави задоволство. Иако многу често нема да ви биде до тоа, сепак излезете на свеж воздух, дружете се со позитивни луѓе, одете на масажа.

Намалете го внесот на коефеин кој може да потикне раздразливост, па затоа трудете се да се храните разноврсно, по помалку а почесто, тоа ќе ви помогне да ги вратите хормоните во рамнотежа која ќе ви обезбеди за бебето сите потребни хранливи материи за правилен раст и развој, а вам енергија за сите промени кои се пред вас.

Килограмите само се множат

Многу трудници се грижат за тоа дали ќе успеат после бременоста да си ги вратат килограмите или не, се чуствуваат несигурни иако е сосема нормлано да се стават 10-15 килограми. Не се грижете поради тоа, за поголем дел од тежината одговорно е самото бебе, постелката, плодовата вода, зголемената количина на крв во организмот, зголемена матка и гради.

hormoni, bremenost, zena, majka, bebe, roditeli, babyshop, бебе, мајка, дете, хоромони, бременост1

Нивото на стрес го пробива дури и плафонот

Во последното тромесечие стресот го доживува максимумот поради пореметување на ритамот, спиењето, отежнатото вртење, страв од самото раѓање.. Се тоа создава исцрпливост, плачливост, растревоженост.

Од овие тегоби патат дури и очите, колку и тоа неверојатно да звучи, затоа е многу важно партнерите често да разговараат и да се запознени со промените кои може да се случат.

На многу трудници им помагаат посетите на различни предавања за бременоста и самиот чин на пораѓај, каде учат многу за техниките на дишење и теоретски предавања за сите фази на пораѓајот.

Доколку не сте посетиле ни едно предавање или обука, наша препорака е да одите и да пробате, голема е веројатноста дека ќе ви годи и ќе ви биде од помош.

hormoni, bremenost, zena, majka, bebe, roditeli, babyshop, бебе, мајка, дете, хоромони, бременост1