• Нема производи во кошничката.
a
  >  Здрава исхрана   >  Храна која бебето може да ја јаде без запчиња
Храна која бебето може да ја јаде без запчиња

Храна која бебето може да ја јаде без запчиња

Поголемиот број oд летното овошје бебињата можат да го јадат без запчиња, но бидејќи моментално го нема, идеално е да готвите сезонски зеленчук како брокули и морков, или овошје како варено јаболко.

Излегувањето на запчињата е индивидуално и некои бебиња ќе ги добијат на пет месеци, а некои на девет. Доколку вашето бебе почнало со дохрана, ви предлагаме неколку намирници кои може да ги јаде без запчиња. Зеленчукот и овошјето, секогаш е добро да ги сварите, така што ќе бидете сигурни дека нема да има проблем со задушување. Но има и некои намирници кои самите по себе се меки, како на пример праска или крушка.

Речиси целото летно овошје е одлично за почеток на дохрана затоа што е меко, но бидејќи моментално не е сезона на такви намирници ви предлагаме намирници кои бебињата можат да ги јадат во овој период.

Намирници кои бебињата можат да ги јадат и без запчиња:

-мали парчиња зрела банана;

-манго;

-авокадо;

-круша;

-тенки парченца сирење;

-варен морков;

-варен грашок;

-варено јаболко;

-варена тиквица;

-варена брокула;

-варена тиква;

-варен компир батат.