
Храна која треба да ја употребувате во кашите
Секоја мајка го сака најдоброто за своето дете, а се повеќе и повеќе се одлучува за подготовка на каши дома. Списокот на храна што може да се користи за оваа намена е долг, но секогаш може да се додадат некои нови сосотојки.
Лен
Ленот е природен лаксатив и совршен извор на омега-3 масни киселини кои имаат позитивно влијание врз развојот на мозокот и нервниот систем, а ја зголемува и апсорпцијата на витамини. Со својот благ вкус лесно ќе се вклопи во сите видови на каши од овошје и зеленчук, а исто така ќе послужи и за згуснување на кашата.
Чиа семе
Во последниве години тоа стана попопуларна состојка во здравите оброци. Чиа семето содржи 60 проценти омега-3 масни киселини и е богато со влакна, така што ќе го реши проблемот со бебиња ако имаат запек и ќе го регулира варењето на храната.
Грчки јогурт
Тој е богат со калциум, но сиромашен со јаглени хидрати. Во споредба со други јогурти, тој е побогат извор на протеини. Совршено се вклопува со сите видови овошни каши.
Млеко, кое не е млеко
Млеко добиено од кокос, коноп, соја или ориз е добар избор во подготовка на каша за деца, или како додаток за деца кои имаат алергии на млеко од животинско потекло.
Авокадо
Авокадо е богато со здрави масти и фолна киселина. Тоа има кремаста текстура и благ вкус и ќе се вклопи во сите каши што нормално би се подготвиле за детето. Покрај тоа, речиси и да нема бебиња кои се алергични на авокадо – тоа може да се користи уште за време на воведување на цврстата храна.