
Храна што не се препорачува во исхраната на бебето!
Ако не сте сигурни која храна се препорачува за најмладата возраст, видете ја листата на забранети јадења направени од “American Baby”
Постојат одредени видови храна кои, од разни причини, корисни се за здравјето на возрасните, но можат да бидат штетни ако ги консумираат бебиња.
Според стручните соработници на родителското списание “American Baby”, тука ги вклучуваат следните намирници:
* Кравјо млеко и белки, бидејќи тие можат да предизвикаат проблеми со стомакот и егзема кај деца под 12-месечна возраст.
* Пуканки, путер од кикирики и слична леплива и ситна храна, бидејќи може да доведе до гушење. Од истата причина, е забрането овошје со семки, како и цврсто сецкан тврд зеленчук (како моркови).
* Мед, бидејќи може да содржи бактерии кои можат да предизвикаат ботулизам кај доенчињата.
*Било што што содржи кофеин, како што се ладен чај или газирани пијалоци.
* Повеќе од 100 грама овошје на ден, бидејќи премногу овошје кај бебето доведува до дијареа.
* Сирење од непастеризирано млеко, бидејќи предизвикува труење со храна.
* Риба, бидејќи може да предизвика алергиска реакција кај деца под една година. Сепак, експертите советуваат дека рибите и морски плодови да не им се нудат на децата дури и до втората година.
* Риби како што се сабјарка, ајкули, скуша, бидејќи содржат високо ниво на жива.