Храната и децата
Храната и децата
Не бидете премногу загрижени ниту пак премногу рамнодушни во формирањето на нутритивните навики кај децата. Улогата на родителот е да понуди разноврсна храна, но вашето предшколско дете со своите четири години нормално и природно ќе се однесува на следниот начин:
- За време на оброк сака да зборува
- Јаде тврда храна
- Попривлечна и сака да ја јаде храната во боја
- Сака одвоена храна во чинијата
- Користи виљушка и нож
Апетитот постепено расте, не треба да се инсистира на тоа детето по секоја цена да изеде се, бидејќи може да се создаде непријатна ситуација и кај детето да се креира одбивен став кон одредена храна.
По навршување на втората година (па се до својата четврта година), детето треба да внесува 1300 калории за 24 часа за да може да има нормален раст и да добива на тежина. Калориските потреби вариваат во зависност од активностите како и од градбата и метаболизмот на самото дете. Од таа причина, немојте да се грижите ако вашето дете не јаде толку колку што вие очекувате.
Децата кои се на возраст од две до пет години најчесто растат околу седум сантиметри и добиваат во телесна маса околу два килограми годишно. Основната исхрана во овој период е слична со исхраната на возрасните луѓе, додека количините се разликуваат.
Совети:
- Понудете му на вашето дете разнолика храна (житарици, зеленчук, овошје)
- Изберете ја храната која има помалку шеќери и сол.
- Сервирајте ги намирниците богати со витамин Ц со оние кои се богати со железо (месо, темно зелен зеленчук)
- Сервирајте свежо овошје како десерт
- Секогаш користете помалку мрсно месо. Месото понекогаш тешко се џвака, затоа користете мелено јунешко месо или пак риба.
- Мекото месо динстајте го и варење го во сопствениот сос, поклопено со капак
- Урамнотежете ја исхраната која детето ја јаде со неговата физичка активност
- Исхраната би морала да обезбеди доволно железо и калциум за потребите на организмот и неговиот развој.
- Вклучете го своето дете во процесот на готвење
- Комбинирајте храна различна по боја и структура. Ова, ќе ја зголеми желбата и интересот на детето за храна
- Толерирајте ги децките манири позади столот. Покажете ги своите добри манири и овозможете детето да учи од вас.
- Прилагодетете амбиент за време на оброкот: Одберете соодветна столица, прибор за јадење. Спроведете рутина на миење на раце пред секој оброк. Не очекувајте детето да седи во целовреметрање оброкот. Детето може да станува од својот стол, иако не завршило со оброкот.
- Сервирајте го оброкот доследно. Планирајте оброик пред детето да стане премногу гладно, уморно или пак иритирано. Не бидете гласни доколку оброкот не биде допрен од детето
- Ако вашето дете во големи количини конзумира свежо овошје, зеленчук и житарици, детето нема да има потреба од дополнителни витамини.