• Нема производи во кошничката.
a
  >  Здрава исхрана   >  Храната како непријател
Храната како непријател

Храната како непријател

Не многу од родителите, знаат дека причината за лошото однесување не е секогаш дека детето е гладно, жедно, ненаспано или уморно, многу честа причина за лошото однесување треба да се поврзува со храната која ја јадат децата.

За прекумерното внесување на шеќери во исхраната и хиперактивност говорат многу истражувања, како и листа на намирници кои поттикнуваат лошо однесување кај децата, дополнето со трансмасти, кофеин, натриум, голем број на адитиви, вештачки бои, брза храна, грицки…

food

Според резултатите на студија објавена во Европскиот весник за клиничка исхрана, намирниците кои содржат голема количина на заситени масти, насмасти или натриум предизвикуваат агресивност и лошо однесување кај детето. Научниците објаснуваат дека мрсната и солена храна, како и прости јагленихидрати како што ги имаат бомбоните, газираните напитоци, десертите и белиот леб ја стимулираат регијата на мозокот која е задолжена за чувство на задоволство.

Секое дете, природно, сака тоа чувство на задоволство да трае колку може подолго и да се појавува колку може почесто, со што после одредено време станува зависник на нездрава храна. Со ова, се што е здраво, како овошјето, зеленчукот, млечните производи и посното месо, веднаш се сместуваат во втор план.

Кога на детето ќе му го скратите она што тоа најмногу го сака, а сака нездрава храна која прави да се чувствува добро, почнува да се однесува неконтролирано. Станува безобразно, луто, непослушно… од друга страна, рафинираните шеќери од грицките, белиот леб и тестенините, брзо стигаат до крвотокот, прави брз скок на нивото на шеќер во крвта и ја зголемува активноста кај децата, а вештачката боја, која ја има скоро во сите индустриски намирници предизвикува слаба концентрација.

Врз основа на многубројни студии во кои е докажано негативното влијание од нездравата храна кај децата врз основа на што, родителите би требало брзо да научат дека во најмала рака треба да пробаат да забранат конзумација на таквата храна, односно, да станат свесни за реалната штетност која можат да ја предизвикаат доколку не бидат повеќе внимателни.

krofna

Денес е невозможно да се спречи децата да јадат грицки и да бараат таква храна од родителите, бидејќи зависноста не се креира на свесно ниво, но тоа не значи дека треба да се престане со правилен начин на исхрана, борбата да се минимизира внесот на лоша храна.

Важно е детето што порано да засака и да прифати овошје и зеленчук, риба и месо, а слатките работи и се што е нездраво да ги добива во многу мали количини и колку може поретко. Не треба да имате фиока за грицки, не треба да имате залиха на сокови полни со шеќери, не ви треба плескавица за вечера…

Бидете добар пример и детето ќе ве следи вас.