ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Хранење на близнаци во исто време – доење и хранење во тандем
    Хранење на близнаци во исто време – доење и хранење во тандем

    Хранење на близнаци во исто време – доење и хранење во тандем

    Истовремено доење и хранење на близнаци

    Апсолутно е возможно да се хранат две бебиња во исто време и така да се заштеди истото.

    Хранењето во тандем подрзабира доење, како и хранење со шише  или комбинација на овие два начина.

    Понекогаш постојат медицински проблеми поради кои само едното бебе може да цица, додека другото е неопходно да се храни од шише.

    Или пак, ако имате доволно млеко за само едно дете по доење, па тогаш наизменично ги храните, додека едното цица, на другото му давате млеко од шише и обратно при наредното хранење.

    Доколку е присутна уште една личност, посебно ако е во прашање партнерот кој сака да учествува, тогаш можете да го доите едното бебе, додека на другото тој му дава шише, а при наредниот оброк ги менувате бебињата.

    Доењето во тандем не е за секого, една мајка може да нема доволно млеко, додека пак друга мајка не може да се снајде, а трета се чувствува непријатно. Не треба да се чувствувате лошо, ако не можете или не сакате да ги храните бебињата на овој начин. Вие сте единствената личност која може да одлучи дали е за тоа или не.

    Предности на доењето во тандем 

    1.Го намалува времето на доење.

    2.Мајките забележуваат додатна блискост помеѓу бебињата кои јадат заедно.

    3.Со доењето штедите време за перење, стерилизација и припрема на шишињата и млекото за хранење.

    Корисно совети за доењето во тандем

    1.Морате да поминете обука со сестра за лактација.

    2.Додека не фатите ритам, немојте да пробувате тоа да го изведете додека сте сами дома и нема кој да ви помогне да ви додаде или да придржи едно бебе.

    3.Најдете начин како да го поставите другото бебе успешно да подригне, затоа што не можете да ги држите двете за таа прилика.

    4.Вежбајте барем еднаш дневно од почеток.

    5.Користете перници за доење.

    6.Поставете обична перница зад својот грб како подршка за да не се здрвите.

    7.Испробајте повеќе положби, додека не ја најдете онаа која ви одговара. Често најдобра се покажува положбата кога бебињата ги држите пред себе, глава до глава, додека нозете им одат под вашите пазуви.

    Доколку се случи да не можете да се снајдете со двете бебиња истовремено, а тие се нервозни, гладни и почнуваат хистерично да плачат, немојте да кревате паника, туку почнете едното да го храните, а кај другото пристапете кон скренување на внимание, како би се стрпело и би го сочекало својот ред: 

    1.Дајте му цуцла (лажливка).

    2.Пробајте да го анимирате со играчка.

    3.Ако имате лулашка со музика или вибрација, тоа може да го смири за кратко.

    4.Дајте му да го цица вашиот прст.

    Би било добро да водите евиденција колку храна секое од бебињата изело. Ако го храните од шише, тогаш запишувајте ја сатницата кога јаде и количината на млекото, а доколку го доите само времето на почетокот и времето на крајот на доењето. Освен тоа може да водите и евиденција за мокрењето на бебињата и колку често имаат столица. Ова е корисно за првите месеци, дури и кога имате едно бебе, а со две е потребно затоа што така нема да се прашувате дали се гладни.