
ХРАНЕЊЕ НА БЛИЗНАЦИТЕ ВО ИСТО ВРЕМЕ
Истовремено доење и хранење
Апсолутно е можно две бебиња да се хранат истовремено и така да се заштеди на време!
Тандемското хранење подразбира и доење, како и хранење со шишенце или комбинација од овие два начина.
Понекогаш постои медицински проблем поради кој само едно бебе може да цица, додека другото мора да се храни со шишенце.
Или, ако имате млеко само едно бебе да цица , тогаш наизменично хранете ги, додека едното цица на другото дајте му млеко во шише.
Доколку е присутна уште една личност, посебно ако се работи за вашиот партнер кој сака да учествува во хранењето на бебињата, тогаш вие дајте му на едното бебе да цица, додека тој другото ќе го храни со шишенце, а при следното хранење ќе ги смените бебињата. Тандемското доење не е за секого, некоја мајка нема доволно млеко, додека друга не може да се снајде, а трета се чуствува непријатно. Не треба да се чуствувате непријатно, ако не можете или не сакате да ги доите бебињата на овој начин. Вие сте единствената личност која може да одлучи каков тип на хранење ќе прифати.
Предност на тандемското доење
– Го скратува времето на доење на пола.
– Мајките ја приметуваат дополнителната близина помеѓу бебињата кои заедно јадат.
– Со доењето заштедувате време за миење, стерилизација и припремање на шишенцето со млеко за хранење.
Корисни совети за тандемското доење
– Морате добро да ја поминете обуката со лактацијската сестра.
– Додека не фатите ритам, не пробувајте да го изведете тоа додека сте сами дома и нема кој да ви помогне да ви додаде нешто или да го подржи бебето.
– Најдете начин како другото бебе ќе го наместите успешно да подригне, бидејќи не можете двете да ги држите во прегратка за таа прилика.
– Вежбајте барем еднаш дневно од почеток.
– Користите перници за доење.
– Поставете обична перница позади грбот, како помош за да не се укочите.
– Испробајте повеќе положби, додека не ја најдете таа што највеќе во одговара. Во главно се покажало дека најдобра положба е кога бебињата ги држите пред себе, глава до глава, додека нозете им одат под вашите пазуви.
Ако се случи да не можете да се снајдете со двете бебиња во исто време, а тие се нервозни, гладни и почнуваат хистерично да плачат, немојте да паничите и едното бебе почнете да го храните, а кај другото применете некоја од техниките за занимавање , за да може да се стрпи и да го чека својот ред:
-Дајте му цуцла (лажливка),
-Пробајте да го анимирате со играчка,
-Ако имате лулашка со музика или вибрации, таа може ќе ја смири за кратко,
-Дајте му го својот прст да го цица.
Би било добро да водите евиденција кое бебе колку изело храна. Ако ги храните на шише, тогаш запишувајте го часот и количеството на млеко кое е испиено, а ако ги доите само времето на почетокот и крајот на доењето. Според тоа може да водите и евиденција кога бебето мокри и колку често има столица. Ова е корисно во првите месеци и кога имате само едно бебе, а со две е потребно бидејќи така нема да се прашувате дали се гладни.