ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Актуелно   >  Хрватска компанија им дава огромни бенефиции на вработените жени кои сакаат да раѓаат!
    Хрватска компанија им дава огромни бенефии на вработените жени кои сакаат да раѓаат-deca

    Хрватска компанија им дава огромни бенефиции на вработените жени кои сакаат да раѓаат!

    Групацијата ДИВ е пример за компанија која се грижи за своите вработени, посебно за трудниците во неговата компанија. 

    За време на демографските мерки кои ќе се применуваат, Томислав Дебењак на својата групација и изјави дека “не е се во профитот”. 

    За сите негови вработени жени кои се на определено време, Томислав е спремен да им понуди договор на неопределено време во случај на породилно отсуство. Тој на овој начин ќе ги мотивира жените да не се плашат од тоа дека ќе ја изгубат работата доколку останат бремени. 

    Освен што го нуди ова, тој е спремен за секое новороденче да исплаќа бруто износ од 670 евра, а во случај кога двајцата родители би работеле во групацијата износот ќе биде дуплиран. 

    див, ТомиславДебељак, vrabotuvanje, babyshop, babyshopmk

    Но и ова не е се! Групацијата Див ќе организира и настани за децата на вработените кои немаат наполнето 15 години и тоа за празникот Св. Никола, а ќе издвојува пари и за спонзорирање на спортски и уметнички клубови во кои членуваат деца на нивните вработени. 

    Ќе биде отворен фонд кој ќе се користи за лекување на децата на вработените. 

    Но тука не застануваме со убавите вести, за сите родители со три или повеќе деца кои се малолетни ќе им биде исплаќано по 25 евра за секое трето или следно дете. Ова би значело дека до полнолетство овој износ ќе изнесува 5.400 евра или 10.800 евра доколку и двајцата родители се вработени кај Томислав. 

    Браво за оваа одлука, и се надеваме дека ќе биде одличен пример и за голем дел од македонските компании.