ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Здрава исхрана   >  Идеи за доручек за бебиња
    Идеи за доручек за бебиња

    Идеи за доручек за бебиња

    Забелешка:

    Некои предлози се за деца постари од 10 месеци!

    Ако бебето до сега не јадело некој вид на  храна, задолжително да ја воведете со тридневна пауза после тоа, за да можете да ја следите реакцијата.

    Прилагодете ја структурата на храната на вкусот и навиките на детето.

     

     

    Обично, родителите имаат проблем да мислат на разновидна храна за своето бебе. Кога станува збор за појадок, тие имаат впечаток дека постојано ја даваат истата храна и не постои начин за бебињата да јадат разновидна храна за појадок како следните идеи:

     

    Снегулки за бебе со павлака

    Детски мусли (можете да купите мусли за бебиња или снегулки и суво овошје и сами да си мешате) со мајчино или адаптирано млеко

    Свежо сецкано овошје во јогурт

    Кифла со кисела павлака

    Зготвени жолчки изгмечени со палента и кисело млеко

    Омлет на жолчка и тост леб

    Леб од цело зрно пченица,  со кремсир и свежо овошје

    Печен леб издробен во  јогурт или кисело млеко

     Тиквички на скара со  леб и павлака

    Сутлијаш

    Тост леб со зденка, потпечен во рерна

     Леб со малку џем од  кајсија или џем од слива

    Омлет со праз

    Слатки мафини до дадоаток на суво овошје

     

     

     

    Американски палачинки со додаток на  свежи боровинки

    Палачинка со ситно сирење и малку ванила

    Овесна каша со парчиња јаболка

    Овесна каша со суво овошје

    Палента со павлака

    Различни видови домашна паштета со леб или кифла

    Проја без јајца со сирење

    Едно парче печен лосос  исецкан со леб и јогурт