ЕЛЕКТРОНСКИ ИНФОРМАТОР

Претплати се на нашиот електронски информатор и добивај информации за промоции и нови производи!

    • Нема производи во кошничката.
    a
      >  Деца   >  Играчки за бебе од 7-12 месеци
    Играчки за бебе од 7-12 месеци

    Играчки за бебе од 7-12 месеци

    Топки: Бебето се уште ќе сака да става играчки во уста, па затоа проверете дали се доволно големи (и цврсти, за да не може да одгризе некој дел). На возраст од околу 12 месеци, бебето може да стркала, па дури и да фрли, топка кон вас.

    Играчки за бања: Гумени играчки што пловат, собираат или прскаат вода и/или се лепат за ѕидовите на кадата можат да му бидат забавни на бебето во текот на капењето.

    Коцки: Дрвени или пластични коцки со кои бебето ќе се учи да поставува и да реди. Честопати повеќе сака да ги урива отколку да ги мести. Му личи на годините.

    Разни кукли и кадифени животни: Забавувајте го бебето со тоа што ќе му правите претстави, а животните ќе играат и ќе пеат.

    Играчки на навивање: Ваквите играчки извршуваат некое дејство кога ќе се потегне конецот. Играта со нив ќе го научи бебето за принципот на причина и последица. Секогаш бдејте над него кога сака да си игра со нив, бидејќи може да го голтне конецот или јазичето за влечење.

    Проодувалки: Се купуваат кога бебето е доволно силно само да се поткрене држејќи се за мебелот или да направи неколку чекори со ваша помош. Овие елементи на тркала ќе му бидат потпора на бебето додека ги прави првите чекори. Се прават во форма на приколки, столчиња со тркалца и се друго што бебето може да го држи и да го турка по подот. Меѓутоа, дубаците не се препорачливи.