• Нема производи во кошничката.
a
  >  Деца   >  Играта како медиум за растење на децата
Играта како медиум за растење на децата

Играта како медиум за растење на децата

Играта како медиум за растење на децата

Пишува Мр – Татјана Гогоска

Четири фактори влијаат во развојот на детето од неговата втора година до 11-тата, кога најексплозивно се развиваат сите емоции и се става основа за развој на емоционалната интелегенција.
Првиот фактор е семејството, вториот се образовните институции, градинката и училиштето, а третиот многу важен фактор е играта.
Во наплив на развој на електронските а сега и социјалните медиуми и интернетот како привлечна виртуелна играчка, играта стана запоставен дел во развојот на децата што според психолозите е многу лоша појава. Играта ја збогатува детската имагинација, ја подобрува комуникацијата и го облагородува социјалниот живот на децата.
– Годините наназад некако општествените случувања наметнаа играта да е запоставен дел од развојот на децата. Под изговор на новите текови во работењето, родителите се помалку децата ги носеа и учеа пред зграда, во двор, во парк за да си играат со другарчињата – вели психолог Елизабета Ивановиќ. Сега е позитивно што има некако раздвижување во таа насока па полека се враќа тој однос кон играта, затоа што ако децата надвор од домот и од институцијата, од воншколските активности не игра со деца, не гради комуникација и креативност, во секој случај ќе е посиромашно во стартот на градење на сопствена емоционална интилегенција .
Меѓу најчестите игри на прашања од кои се гради тој позитивен однос се: „Не се согласувам со тебе“, Дувни ја свеќата“,. „Комплименти“, „Погоди што се случи“, „Создадете приказна“, „Секој на свој начин“, „Измислување приказна“… „Балон“. Секоја игра има свои правила и цел.
Има и други игри, како оние од поодамнешно време:брза географија или бесилка, или на буква на буква…Но, најкорисни и според истражувањата најдобри се игрите на отворен простор.
Сите тие прават децата низ игра со своите врсници да учат, да се социјализираат и да стануваат емоционално позрели. Затоа за младите родители убаво е да одвојувате време и да им овозможите на вашите деца да си играат со другарчиња пред зграда, во двор, во паркче или на лулашки…

извор: www.kulturno.mk